Upgrade

Магнетни производи

Започни

Upgrade

Современа употреба на магнетите

Користење на магнети во терапевтски цели денеска е вообичаена појава. Магнетна терапија најчесто се користи за подобрување на циркулацијата, прочистување на крвните садови и против болки. Во светот најповеќе е испитувано аналгетското дејство на магнетите а начинот на кој делуваат на организмот и кај кој тегоби е најефикасен објаснува Prof. Dr. Hans-Georg Kräusslich од Universität Heidelberg Германија. Нервните импулси во нашето тело се пренесуваат со слаба струја која самите келии ја произведуваат. Секоја келија во нашето тело содржи електрополаризирани честички (јони), кои реагираат на тие дразби. Чуството на болка не е ништо друго туку струен сигнал кој келиите го испраќаат до мозокот за да го алармираат дека нешто на тоа место не е во ред.

Раскрсниците на тие нерви се акупунктурни точки, на кој се поставуваат магнети, што е слично како со иглите на акупунктура. Разликата е што иглите за акупунктура треба неверојатно точно да се постават на местата каде што се спојуваат нервите, додека дејството на магнетите е многу пошироко па со самото тоа ги стимулира и акупунктурните точки и пределот околу нив. Со делување на овие точки почетното ниво на импулсот се враќа во нормала вика Prof. Dr. Hans-Georg Kräusslich. Импулсно магнетно поле може да се применува кај воспалителни процеси на желудникот, дебелото црево, простата, коскено-зглобниот систем, кај воспалително и дегенеративен реуматизам, повреда на централниот и периферниот нервен систем, кај пореметена периферна циркулација (Рејанова и Бригерова болест), повреда на меко и коскено ткиво.

Магнетна перница